Патријархот Грузиски г.г. Илија – кум на повеќе од 1200 новокрстени деца

Во неделата, во Грузиската престолнина Тбилиси беше одржана уште една групна крштевка, при што Неговата Светост Католикосот на Грузија г.г. Илија стана кум на повеќе повеќе од 1200 новокрстени деца.

Патријархот-католикос Илија е на чело на Грузиската Црква повеќе од 40 години и е човек со најголема доверба во целата нација. Во обид да ја подобри лошата постсоветска демографска ситуација во Грузија, Црквата почна да одржува групни крштевки во јануари 2008 година, при што патријархот лично станува кум на секое трето и на сите наредни деца на сопружниците кои се венчале во Црква.

Службата што беше отслужена во соборниот храм „Света Троица“ во недела, на 14 јули, е 69-та служба на групно крштевање.

Неговата Светост моментално е кум на повеќе од 48.000 крстени деца, известува Службата за односи со јавноста на Грузиската црква.

Претходната групна крштевка беше одржана во октомври минатата година. Тогаш беа крстени повеќе од 1800 деца.

Извор: https://sazu.ge/posts/post/1669 преку https://orthochristian.com/161733.html