Неговата Светост Патријархот Московски и на сета Рус Кирил упати честитка до Доналд Трамп по повод победата на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави. Интернет страницата на Московската Патријаршија го објави текстот на оваа честитка, кој го пренесуваме во продолжение:
До господин Доналд Трамп,
новоизбраниот претседател
на Соединетите Американски ДржавиПочитуван господине Трамп!
Срдечно Ви го честитам изборот за претседател на Соединетите Американски Држави. Изборот што го направи американскиот народ сведочи за големата доверба во Вас од страна на луѓето кои на Вас полагаат надежи за развој на земјата, за промени во сферата на внатрешната политика и во меѓународните односи.
Во текот на повеќегодишната интензивна дејност Вие сте стекнале богато искуство кое ќе ви помогне во решавањето на прашањата во однос на организацијата на животот на државата и општеството и за соработката со други земји.
Современиот свет се соочува со сериозни проблеми, во чие решавање Соединетите Американски Држави имаат важна улога. Спротивставувањето на екстремизмот и тероризмот и одбраната на фундаменталните вредности на високите морални идеали, кои се во основата на правата и достоинството на човекот, се можни само со заеднички напори.
Се надевам дека долгогодишните односи на Руската православна црква со Соединетите Американски Држави ќе продолжат да се развиваат за доброто на нашите народи, кои се обединети со заедничка историја и со христијанските вредности.
Ви посакувам сила, Божја помош и успеси во претстојната висока и одговорна служба.
Со почит
† Кирил, Патријарх московски и на сета Рус