Неговата Светост Српскиот Патријарх г. Порфириј, заедно со неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Бачки г. Иринеј, на 1 мај 2025 година, во Домот на храмот „Свети Сава“ во Белград, разговараше со Неговото Високопреосвештенство, Солунскиот Митрополит г. Филотеј, кого го придружуваше г. Александар Кациарас, главен и одговорен уредник на радиото „Еклисија“ и списанието „Теологија“.
Во братски разговор, кој се одвиваше во духот на христијанска љубов и заемна почит, соговорниците разменија мислења за актуелни прашања од животот на Црквата, особено истакнувајќи ја важноста на духовното единство, соработката и сведочењето на евангелските вредности во современото општество.
Патријархот Порфириј и Митрополитот Филотеј ја изразија својата радост поради оваа средба, како и надежта за понатамошно зацврстување на меѓусебните односи меѓу двете сестрински помесни Цркви – известува интернет страницата на Српската Православна Црква.