Патријархот српски Порфириј во посета на Канада

Неговата Светост Српскиот Патријарх г.г. Порфириј, ја посети Канадската епархија на Српската православна црква, во придружба на неговиот викар, Преосвештениот Епископ Јенополски г. Никон и други претставници на Патријаршијата. Тој пристигна во Монтреал на 3-ти октомври и беше пречекан од Високопреосвештениот Архиепископ на Торонто и Митрополит Канадски г. Митрофан со свештенството.

Српската Православна Канадска Епархија е основана на 26-ти мај 1983 година по одлука на Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква и ги покрива териториите на цела Канада.

На 4-ти октомври 2024 година, Неговата Светост Патријархот Порфириј, беше свечено пречекан во црквата „Света Троица“ во Монтреал, а наредниот ден, на 5-ти октомври, тој началствуваше со Светата Литургија во истиот храм, во кој српската заедница се собира уште од 1954 година.

На светата Литургија, на српскиот патријарх му сослужуваа Нивните Високопреосвштенства: Митрополитот Канадски Митрофан и Архиепископот Отавски и Канадски Иринеј Православната црква во Америка, Преосвештените Епископи: Канадски Јован Касијан од Романската православна црква и Јенополски Никон, викар на српскиот патријарх, заедно со многубројно свештенство и монаштво од повеќе помесни православни цркви.

По завршувањето на Светата Литургија, беше одржан свечен банкет по повод 70-годишнината на Српската црковно-училишна општина „Света Троица’ во Монтреал.

На 6 октомври 2024 година, Патријархот Порфириј, служеше света Литургија во црквата „Свети Сава“ во Торонто. Во својата беседа на Литургијата, помеѓу останатото, Патријархот Порфириј нагласи дека: „Нема ништо посилно од верата. Верата во Христа нè изградила и нè обликувала како народ. Православната вера е основата на нашиот идентитет и нашиот пат кон спасение.“ Тој исто така истакна дека е од клучно значење да се зачува Црквата, бидејќи „Црквата е коработ на спасението, каде владее Божјата благодат и љубовта на Христос.“

На Литургијата сослужуваа Митрополитите Среднозападноамерикански г. Лонгин и канадскиот Митрофан, како и Епископите Иринеј Вашингтонско-њјуоршки и Источноамерикански, викарниот Епископ Јенополски Никон и воминовениот Канадски Георгиј од Српската православна црква.

Последниот ден од својата посета на Канадската епархија, Неговата Светост Патријархот Порфириј, го посети манастирот „Свето Преображение Господово“ во Милтон. Во овој, засега единствен српски манастир во Канада, патријархот и неговата придружба беа пречекани со свечен чин на доксологија. Таму Патријархот Порфириј му додели орден „Свети Сава“ од втор ред на г. Жељко Прица, голем добротвор на Српската Црква и манастирот во Милтон, кој бил осветен пред три децении од блаженоупокениот Патријарх Павле.

Извор: spc.rs