Патријархот Теофил III го прими раководството на Англиканската црква во Ерусалим

На 24 јуни 2026 година, Претстоителот на Ерусалимската Патријаршија, Теофил III, во својата резиденција ја прими дама Сара Мулали, која се смета за Архиепископ на Кентербери. За ова извести Ерусалимската Патријаршија на својата Фејсбук-страница:

„Ерусалим, 24 јуни 2026 г.

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски Теофил III го прими Архиепископот на Кентербери и виш епископ на Англиканската црква, дама Сара Мулали, придружувана од англиканскиот епископ во Ерусалим, Хосам Наум и другите членови на делегацијата.“

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1EVzGPYaiT/