Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј, по повод празникот Воведение на Пресвета Богородица, според новиот календар, во четврток, 21 ноември 2024 година, началствуваше со Светата Литургија во соборниот храм на Архиепископијата во Константинопол, во Пера.
Со патријархот сослужуваа архијереите: Митрополитот на Деркос г. Апостол, Митрополитите Кидониски г. Атинагора, Силиврискиот г. Максим, Селевкискиот Теодор и Белгискиот Атинагора од Цариградската патријаршија, Митрополитот Јосиф на Романската патријаршија за Западна и Јужна Европа, Антониј од Бугарската патријаршија за Западна и Јужна Европа, Епископот Танагриски г. Апостол од Црквата на Грција. Сослужуваше и архимандритот Методиј, игумен на манастирот Хиландар на Света Гора.
За време на Светата Литургија, патријархот го ракоположи ѓаконот на патријаршискиот двор Јероним Сотирелис во чин презвитер.
Во својата беседа на Литургијата, помеѓу останатото, Патријархот Вартоломеј истакна дека „Фанар ги чува скапоценостите на Родот, за да ги предаде на идните генерации, до крајот на времињата.“