Неговата Светост Цариградскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, во понеделникот, на 7 октомври 2024 година, беше прогласен за почесен доктор по теологија од страна на Римокатоличкиот универзитет „Нотр Дам“, на специјална церемонија во Римокатоличката Богородична катедрала во Сиднеј.
На Неговата Светост му се обратија ректорот на Универзитетот, пречесниот Кристофер Елисон, и претседателот на истиот, професор пречесниот Константин Мајкл.
Во својот говор, кој Неговата Светост го одржа на англиски јазик, на тема „Потребата за дијалог денес“, тој ја потсети публиката на посветеноста на Цариградската Патријаршија кон дијалогот како единствено средство за решавање на разликите, помирување и постигнување на мир во светот.
Настанот заврши со кратко обраќање на Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Макариј, од Цариградската Патријаршија, кој посака Господ да му подари сила и здравје на Патријархот Вартоломеј за да продолжи со својата работа.
Порано попладнето, Неговата Светост имаше средба со лидерот на главната опозициска партија на Австралија, Неговата Екселенција г. Питер Датон, во присуство на Неговото Високопреосвештенство Архиепископот на Австралија г. Макариј.
Извор: https://ec-patr.org/o-οικουμενικός-πατριάρχης-αναγορεύτη/