Фотографија: euronews.com архива
Официјалната интернет страница на Цариградската патријаршија соопшти дека Патријархот Вартоломеј неодамна имал телефонски разговор со Претседателот на Украина г. Зеленски. Во продолжение ова соопштение го пренесуваме во целост.
„Со Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, кој продолжува со летната посета на своето родно место Имврос, во среда, 21 август 2024 година, рано попладне, разговараше Претседателот на Украина г. Володимир Зеленски. Во срдечниот разговорот, Претседателот му се заблагодари и лично за испратената официјална Патријаршиска делегација која ќе присуствува на националниот празник на независноста на Украина, на 24 август, како и за топлиот прием на претставниците што неодамна го посетиле Фанар.
Неговата Сесветост му се заблагодари на Претседателот за разговорот и изрази надеж дека наскоро ќе се воспостави мир во Украина, повторувајќи ја непоколебливата поддршка на Вселенскиот Патријархат кон страдалниот од војната драг украински народ.
Во Украина веќе се наоѓа официјалната Делегација на Вселенскиот Патријархат, составена од Преосвештените Митрополити на Винипег г. Иларион и на Писидија г. Јов, и патријаршкискот Ѓакон г. Епифаниј Камјанович.“
Извор: https://ec-patr.org/τηλεφωνική-επικοινωνία-του-προέδρου-4/