На 25 март 2025 година, Патријаршискиот егзарх на Африка на Руската Православна Црква, Митрополитот Зарајски Константин, пристигна во околината на градот Мурундава на западниот брег на островот Мадагаскар.
Во водите на Индискиот Океан, архијерејот крсти 22 локални жители – членови на парохијата посветена на Сретение Господово.
На Владиката му сослужуваше парохискиот свештеник, јереј Алексиј Еризу, кој со својата посветена работа ја основал оваа црковна заедница.
Митрополитот Константин им го честиташе примањето на Тајната Крштение на новопросветените и им подари иконки.








