Во Центарот за специјални сили „Омега“, епископи од ПЦУ (Православната Црква на Украина, чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија) и свештеници од Украинската Грко-католичка (унијатска) Црква одржаа заедничка служба за осветување на местото каде што ќе се гради црква посветена на Вознесението Господово, според Одделот за воена капеланија при Украинската унијатска Црква.
Од страна на ПЦУ на настанот присуствуваа епископите Олександр Драбинко и Иван Јаременко. Присутни беа и унијатските воени капелани, како и генерал-мајор Павло Јацук, раководител на Центарот за специјални сили „Омега“.
