ПЦУ повторно со одлука за промени во црковниот календар

Откако претходно го имаше острането светиот Александар Невски од својот црковен календар,  Синодот на Православната црква на Украина (ПЦУ), која доби автокефалност од Цариградската Патријаршија, на својата седница одржана на 14 јули годинава, во Киев, донесе одлука од својот црковен календар да ги отстрани и празнувањата на неколку Богородични икони, и на некои светители, кои, како што велат „имаат локално значење само за Руската православна црква“. Се работи за иконите: Казанска, Иверска, Троеручица и Седмострелна.

Отстранет од црковниот календар се најде и Свети Јона Московски. За него се вели дека „спротивно на каноните, без соборна одлука и благослов на Вселенскиот патријарх, ја поделил Киевската митрополија, формирајќи одделна Московска митрополија, а потоа се обидел да воспостави контрола над Киевската престолнина каде што бил поставен друг митрополит.“

Во истото решение, одлучено е во црковниот календар на ПЦУ да бидат вклучени, помеѓу останатите и следните светители: свети Јован Кукузел, свети Теофилакт Охридски – како што се вели во одлуката на ПЦУ „Бугарски архиепископ“, преподобна Ангелина – владетелка на Србија и великомаченица Злата Мегленска.

Извор: https://www.pomisna.info/uk/document-post/dokumenty-zasidannya-svyashhennogo-synodu-14-lypnya-2024-r/