Припадници на ПЦУ (Православна Црква на Украина, чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија) повторно извршија канонски упад на територијата на Полската Православна Црква.
Во неделата, на 27 јули, владиците: Иларион (Процик) – раководител на мисијата на ПЦУ за капелани и Митрофан (Бутински) заедно со други свештеници на ПЦУ отслужија богослужба во Варшава, соопштува Сојузот на православни журналисти повикувајќи се на известувања самата ПЦУ. За време на службата бил ракоположен и еден ѓакон.
Оваа богослужба е без благослов на Неговото Блаженство Митрополитот Сава, претстоителот на Полската Православна Црква, која не ја признава ПЦУ.
Раководството на ПЦУ повеќепати се жали на тоа што Полската Црква не ги признава, а истовремено самата упаѓа на нејзина територија без благослов. Во јануари 2022 година, друг епископ на ПЦУ служел во Полска без одобрение од надлежната Црква. Полските архијереи протестираат за овој неканонски чин до Цариградската Патријаршија, која ја создаде ПЦУ и која врши надзор врз неа.
Дополнително, со вакви постапки, припадниците на ПЦУ го кршат и томосот што го добија од Цариградската Патријаршија, со кој нивната јурисдикција е ограничена на само на државата Украина и им е забрането основање на заедници во странство.
Извор: https://spzh.eu/ru/news/87445-vopreki-tomosu-v-varshave-ierarkhi-ptsu-proveli-liturhiju преку: https://orthochristian.com/171573.html
