Клирикот на ПЦУ Андреј Дудченко, изјави дека се сретнал со професорот по канонско право, Перистерискиот митрополит од Грчката православна црква, Григориј Папатомас. На средбата станало збор и за Македонската православна црква.
Според неговите зборови, Митрополитот Григориј рекол дека Цариградскиот Патријарх Вартоломеј „нема да ѝ даде автокефалија на Црквата на Северна Македонија, сѐ додека таа не влезе во општење со ПЦУ. За да се бара Томос од Вселенската патријаршија, треба да се прифаќа она што го прави таа Патријаршија, односно да се признаваат автокефалиите, кои се претходно доделени“ – напиша тој.
Дудченко направи аналогија, па доколку УПЦ би сакала каква било помош од Фанар за регулирање на својот статус, ќе треба да влезе во општење со ПЦУ.