Писма со поддршка до Антиохискиот Патријарх од Претстоителите на Православните Цркви

Продолжуваат да пристигнуваат писма со поддршка до Неговото Блаженство Патријархот Антиохиски и на целиот Исток г.г. Јован (Десетти), по повод прогоните и убиствата на невините цивили во Сирија. Веќе пренесовме за поддршката од Цариградскиот, Рускиот и Српскиот Патријарх, а потоа писма пристигнаа и од други Претстоители на помесни Православни Цркви.

На 12  март 2025 година Неговото Блаженство Архиепископот Кипарски г.г. Георгиј во својот допис изјави: „Стоиме покрај вас и ги издигнуваме нашите молитви кон Отецот на светлините, молејќи Го да ја покрие Сирија со Неговиот мир“, потврдувајќи дека Црквата на Кипар ги соединува своите молитви со оние на Антиохиската Црква.

Католикос-Патријархот Илија II, поглаварот на Грузиската Православна Црква, во својата порака од 14 март додаде: „Ги соединуваме нашите срца со вашите во молитва кон Отецот на светлините, молејќи Го да се грижи за вашиот народ со светлината на Неговиот мир.“ Тој потврди дека Грузиската Црква стои рамо до рамо со Антиохиската Црква, обединета во молитва, молејќи го Бог да го испрати Неговиот дух на мир во Блискиот Исток.

Извор: https://www.antiochpatriarchate.org