Почеток на Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква

Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква започна на 13 мај 2025 година со света архијерејска Литургија во Спомен-храмот на Свети Сава во Белград, со која началствуваше Неговата Светост, српскиот Патријарх г. Порфириј, со сослужение и молитвено учество на соборските отци.

Работниот дел од највисокото јерархиско, црковно-законодавно и црковно-судско тело на Српската Православна Црква, под претседателство на Неговата Светост, српскиот Патријарх г. Порфириј и со учество на високопреосвештените и преосвештени господа епархиски архијереи, ќе започне на 14 мај 2025 година, во криптата на храмот „Свети Сава“.

Според процедурата утврдена со Деловникот за работа, седницата ќе започне со усвојување на дневниот ред, кој ќе ги содржи пристигнатите предмети доставени од Светиот Архијерејски Синод, а ќе продолжи со разгледување на извештаите за архипастирската работа на сите епархиски архијереи, централните црковни тела, органи и установи. На крајот на седницата, Соборот ќе издаде соопштение за јавноста.

Извор: https://spc.rs/sr/news/aktuelno//14024.molitveni-pocetak-svetog-arhijerejskog-sabora.html