Почина поранешниот Митрополит солунски Антим

Почина на 91-годишна возраст поранешниот Митрополит солунски Антим. Блаженопочинатиот Архијереј го предаде својот дух на Господа денес наутро во својата соба во Митрополијата во Солун, каде што живееше.

Опелото на блаженопочинатиот Митрополит г. Антим ќе се одржи во сабота, 15 март 2025 година, во 12 часот напладне во катедралната црква „Света Софија“ во Солун.

Куса биографија

Роден како Дионисиос Русас во Салмони Пиргос, на Пелопонез во 1934 година. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Атина во 1957 година и на Теолошкиот факултет на истиот Универзитет во 1963 година.

Бил ракоположен за ѓакон во 1964 година од Митрополитот Тирски Гаврил и за свештеник во февруари 1965 година од истиот Митрополит. Бил уредник на неделникот „Гласот Господов“ од 1965 до 1972 година.

На 14 јули 1974 година бил ракоположен во Светиот храм „Свети Василиј“ во Атина за Митрополит Александруполски. Ракополагањето го изврши Митрополитот Тирски Гаврил, во сослужение со Митрополитите Гитејски Сотириос, Драмски Дионисиј и Месогејски Агатоник.

На 26 април 2004 година беше избран за Митрополит солунски.

На 7 август 2023 година ја поднесе својата оставка, која беше прифатена од Светиот Синод на Грчката Црква на 25 август 2023 година.

Блаженопочинатиот Митрополит по неговата оставка добиваше грижа од неговиот наследник Митрополитот г. Филотеј бидејќи живееше во седиштето на Светата Митрополија.

Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/mitropolitiko_ergo/ι-μ-θεσσαλονίκης/ektakto-ekoimithi-o-mitropolitis-proin-thessalonikis-anthimos/