Верници на Украинската Православна Црква се молат пред судот во Киев
Шестиот апелациски суд во Киев на 30 октомври 2025 година одржа рочиште по тужбата поднесена од Државната служба за етнополитика и слобода на совест (ДЕСС), со која се бара забрана на активностите на Киевската Митрополија на канонската Украинска Православна Црква. Судското рочиште траеше околу пет и пол часа со пауза, додека стотици верници на Украинската Православна Црква се молеа пред судот, известува Информативно-образовниот оддел на Црквата.
Повеќе од 1.000 верници поднеле барање да се приклучат на случајот како трети лица, а дополнителни 300 такви барања во моментот се во судскиот регистар.
Судот го прифати барањето на Киевската Митрополија да ги добие сите документи кои ја сочинувале основата на истрагите и одлуките на ДЕСС. Според протојереј Никита Чекман, правен застапник на Митрополијата, ДЕСС не ги доставила сите документи, вклучително и внатрешна белешка која била прогласена за доверлива по барањето на правниот тим на Митрополијата.
Поради потребата сите страни да го разгледаат големиот обем материјали, вклучително и барањата од верниците кои бараат статус на трети лица, претставниците на Киевската Митрополија поднесоа барање за одложување на постапката. Судот го одобри одложувањето и на следното рочиште ќе ги разгледува прашањата околу приклучувањето на верниците и одделни правни субјекти, меѓу кои епархиски управи и манастири. Следното судско рочиште е закажано за 11 декември годинава.
Државната кампања против православието сериозно започна во август минатата година, кога парламентот го изгласа, а претседателот Зеленски го потпиша, новиот закон за забрана на верски организации поврзани со Русија — закон кој пратениците јавно изјавија дека всушност е насочен кон забрана на Украинската Православна Црква со седиште во Киев. Во мај оваа година, врз основа на овој закон, ДЕСС започна официјска истрага на структурите на Украинската Православна Црква, почнувајќи со Киевската Митрополија. За резултатите од истрагата и за реакцијата на Украинската Црква веќе известивме.
Извор: https://uoc-news.church/2025/10/30/rozglyad-spravi-pro-pripinennya-diyalnosti-kijivskoji-mitropoliji-pereneseno/ преку: https://orthochristian.com/173679.html
