Свештеникот од ПЦУ кој бил забележан во нападот, и повредената верничка.
На 12 април 2025 година, на Лазарева сабота, група млади лица со сила го зазеде храмот на Украинската Православна Црква „Св. Никола“ во селото Врхни Становци во Буковина, на западот на Украина, со намера да го предаде на ПЦУ (Православната Црква на Украина, чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија). За време на инцидентот беа претепани вернички на Украинската Православна Црква.
Поддржувачите на ПЦУ, ја скршиле оградата и насилно влегле во црковниот двор. Таму примениле физичка сила врз православни вернички кои во тој момент биле собрани на молитва во светилиштето.
Потоа, овие радикали ги скршиле вратите на храмот, по што, според сведоштвата на очевидци присутни на местото, полицијата ги потиснала верниците на Украинската Православна Црква од храмот и формирала „жив ѕид“, низ кој во црквата влегле луѓе кои не се од локалната заедница.
Да потсетиме, група непознати лица со маски и маскирни униформи, предводени од претставници на ПЦУ, се обидоа да го заземат истиот храм неколку дена порано, но тогаш не успеаја. И тогаш беа претепани вернички на Украинската Православна Црква, за што беше поднесена пријава до надлежните органи. Меѓу повредените беа сопругата и сестрата на војникот на вооружените сили на Украина, Дмитро Копча, кој по инцидентот објави видео-обраќање.
Извор: https://uoc-news.church/2025/04/13/prixilniki-pcu-zaxopili-xram-u-verxnix-stanivcyax/