Подворјето на Српската православна црква во Москва ја прослави својата храмова слава

На 29 јуни / 12 јули 2026 година, кога Православната Црква ги празнува светите апостоли Петар и Павле, во Подворјето на Српската православна црква во Москва свечено беше прославена храмовата слава на овој древен московски храм.

Светата литургија во храмот „Свети Петар и Павле“ на Јауза ја отслужија митрополитот Волоколамски г. Антониј, претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, митрополитот Филипополски г. Нифон, претставник на Антиохискиот патријарх при Московскиот патријарх, како и епископот Ремезијански г. Стефан, претставник на Српскиот патријарх при Московскиот патријарх.

Сослужуваа протојереј Николај Балашов, советник на Московскиот патријарх, архимандрит Серафим, претставник на Православната црква на Чешките Земји и Словачка при Московската патријаршија, протјоереј Игор Јакимчук, заменик-претседател на Одделот за надворешни црковни врски, протојереј Сергеј Гутенко, настојател на храмот на света блажена Ксенија Петроградска во Луганск, како и братството и гостите на Српското подворје.

На прославата молитвено присуствуваа и амбасадорот на Србија во Москва, Момчило Бабиќ, амбасадорот на Македонија, Ненад Колев, како и министерот-советник во Амбасадата на Србија во Москва, Гордана Божиќ.

Во своето обраќање, митрополитот Волоколамски Антониј, во име на Московскиот и на сета Русија патријарх Кирил и во свое име, им ја честиташе храмовата слава на сите присутни. Тој особено ги истакна добрите односи меѓу Руската и Српската православна црква, како и меѓу нивните поглавари, патријархот Кирил и патријархот Порфириј.

Во своето поздравно слово, епископот Стефан им се заблагодари на митрополитите Антониј и Нифон за заедничката молитва во празничниот ден на Српското подворје. Тој го замоли митрополитот Антониј да му ги пренесе на патријархот Кирил благодарноста и искрените добри желби од страна на Српскиот патријарх. Настојателот на Српското подворје, исто така, упати срдечен поздрав до свештенството што сослужуваше на Литургијата, како и до почесните гости присутни во храмот.

Извор: https://serbskoe-podvorie.ru/news/4750/