Поглаварите на Ерусалимската патријаршија и на Црквата на Грција заеднички упатија апел за мир на Блискиот Исток

Фотографија: romfea.gr

Апел за запирање на војната и започнување на дискусија за воспоставување на мир упатија Патријархот на Ерусалим г.г. Теофил и Архиепископот на Атина и цела Грција г.г. Јероним за време на нивната средба на 18 јуни годинава, во просториите на Атинската Архиепископија, за која известивме.

Архиепископот му посака добредојде на Патријархот и се интересираше да дознае за состојбата и за проблемите кои постојат во регионот, како и за начинот на кој би можела да се испрати помош со основни потреби.

Патријархот изрази благодарност кон Црквата на Грција и кон Архиепископот и го информираше за проблемите со кои се соочуваат и за напорите кои ги вложуваат.

Тој исто така зборуваше за христијанското присуство во поширокиот регион на Блискиот Исток, кое ја одржува рамнотежата, но и за манастирот Свети Порфириј во Газа и поддршката која ја обезбедува на верниците.

Понатаму, Архиепископот ја изрази својата загриженост за цивилното население, децата и старите лица, кои ги ставаат на првата линија, како и за заробениците и испрати порака до сите да се запре војната и да започнат разговорите за воспоставување на мир.

Од своја страна, Патријархот се согласи, истакнувајќи ја потребата да се запре војната, и изјави дека е оптимист дека сѐ ќе биде добро.

Патријархот беше придружуван од егзархот на Светиот Гроб во Атина, Архимандрит Рафаил Гривас.

Извор: https://www.romfea.gr/epikairotita-xronika/63904-o-patriarxis-ierosolymon-ston-arxiepiskopo-ieronymo-foto