Цариградскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, со братска љубов, на 13 февруари 2025 година го пречека претстоителот на Православната црква на Чешките земји и Словачка г.г. Ростислав – известува интернет страницата на Цариградската Патријаршија.
Архиепископот Ростислав беше придружуван од Високопреосвештениот Митрополитот на Михајлопол и Кошице г. Георгиј, Преосвештениот Епископот на Оломоуц и Брно г. Исаија, презвитерот Рафаел Моравски и соработничката Ивета Апосту.
На средбата имаа можност да разговараат за теми од заеднички интерес.
Од страна на Цариградската Патријаршија на средбата беа присутни Високопреосвештениот Митрополитот Халкидонски г. Емануил – Претседател на Синодската комисија за меѓуправославни прашања, архимандритот Аетиј – шеф на Патријаршискиот кабинет, и јероѓаконот Икумениј – потсекретар на Светиот Синод.
Вечерта, Неговото Блаженство со придружбата присуствуваа на свечена вечера, приредена од Патријаршијата во нивна чест.
Извор: https://ec-patr.org/ο-προκαθήμενος-της-εκκλησίας-τσεχίας/