Поглаварот на Финската Православна Црква ја посети Грузија

Митрополитот на Сенаки и Чхороцку и местобљустителот на престолот на Грузискиот патријарх, г. Симон (Муџири), на 4 ноември 2025 година, во просториите на Грузиската Патријаршија го пречека Архиепископот на Хелсинки и на цела Финска, г. Илија, Претстојател на автономната Финска Православна Црква – известува грчкиот црковен портал „Вима Ортодоксиас“.

Средбата се одржа во атмосфера на взаемна почит и братски дијалог. Двајцата архијереи разговараа за прашања што се однесуваат на животот на нивните Цркви, за значењето на меѓуправославната соработка и за унапредувањето на единството и разбирањето меѓу православните верници ширум светот.

Архиепископот Илија ја изрази својата благодарност за топлиот прием и ги пренесе поздравите од свештенството и верниците на Православната Црква на Финска. Од своја страна, митрополитот Симон ја нагласи важноста на братските односи меѓу Црквите на Грузија и Финска, кои се темелат на заедничката вера и духовното наследство.

Извор: https://www.vimaorthodoxias.gr/patriarxeia/o-archiepiskopos-finlandias-sto-patriarcheio-georgias/