Канцеларијата на Неговото Блаженство Митрополитот Варшавски и на цела Полска г.г. Сава на 23 февруари годинава објави соопштение во кое упатува јавен повик на молитва за мир. Соопштението го пренесуваме во целост.
Во понеделник, 24 февруари, се навршуваат три години од почетокот на војната во Украина, обележани со десетици илјади загинати, стотици илјади ранети, раселени и разделени семејства, разрушени градови, училишта, болници, домови… Воените пламени од Украина се проширија во Палестина и Израел. Во моментов, вооружени конфликти се водат на повеќе од сто и осумдесет места во светот.
Сите кои се чувствителни на човечката несреќа, во понеделник, 24 февруари, и секој нареден ден, ги повикуваме на молитва за мир и за грижа кон жртвите на војната. Да ја утешиме нивната болка, да ја избришеме нивната солза.
Боже на мирот, нека Твојот Дух донесе мир на Украина, на нашиот свет и во нашите срца!
Канцеларија на Православниот Митрополит Варшавски и на цела Полска
Извор: https://www.orthodox.pl/komunikat-kancelarii-metropolity-60/