Поглаварот на Православната црква во Америка испрати писмо со поддршка до Антиохискиот патријарх

На 12 декември 2024 година, Поглаварот на Православната црква во Америка, Неговото Блаженство митрополитот Вашингтонски и на цела Америка и Канада г.г. Тихон испрати писмо до Неговото Блаженство Патријархот Антиохиски и на целиот Исток г.г. Јован, изразувајќи ја својата поддршка и молитви во услови на турбуленции и неизвесност што ја зафаќаат Сирија – известува Православната црква во Америка.


Ваше Блаженство, возљубен брате и сослужителе во Тајните на Господ,

Ви пишувам за да Ви ги пренесам своите молитви и молитвите и солидарноста на сите свештеници и верници од Православната Црква во Америка со страдалните православни верници од Вашата Столица. Во ова време на неизвесност и конфликти, бидете уверени дека се молиме за Вашето Блаженство, за вашиот народ, за сите Христијани во Сирија, и за целиот народ на Сирија и поширокиот регион. Го молиме Семоќниот Бог да испрати траен мир, сигурност, спокојство, хармонија и просперитет врз Сирија и нејзините соседи, и секогаш да го чува Вашето Блаженство и Вашата паства цврсто во светата православна вера, безпрекорно и без страв од прогонство.

Ви посакувам многаја лета, Ваше Блаженство.

Ваш во Христа,

Тихон
Архиепископ на Вашингтон 
Митрополит на цела Америка и Канада 

Извор: https://www.oca.org/news/headline-news/metropolitan-tikhon-sends-letter-of-support-to-patriarch-john-x