На 10 јануари 2025 година Претстоителот на Православната Црква во Америка, Неговото Блаженство Архиепископот Вашингтонски и Митрополит на сета Америка и Канада г.г. Тихон, отпатува во Мексико Сити во пастирска посета на Мексичката епархија. Со текот на годините, стана обичај Неговото Блаженство да патува во Мексико во викендот по празникот Богојавление (според новиот календар).
По пристигнувањето на Меѓународниот аеродром „Бенито Хуарез“, Неговото Блаженство беше пречекан од Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Алексиј, како и од бројни свештенослужители и верници од Епархијата на Мексико. Присутен беше и Високопреосвештениот Архиепископот Венијамин, кој пристигна во Мексико истиот ден. Со Неговото Блаженство патуваа и протојерејот Џон Паркер, декан на Православната богословска семинарија „Св. Тихон“, како и свештеникот Давид Вутен, старешина на православната црква „Св. Антониј Велики“ во Сан Антонио, Тексас.
Во саботата, митрополитот Тихон, останатите членови на делегацијата отпатуваа во православниот манастир „Св. Антониј Велики“ каде што беше одржано епархиско собрание. Манастирот ѝ припаѓа на Антиохиската митрополија на Мексико и беше љубезно отстапен на Епархијата за оваа пригода. По собранието беше отслужена вечерна богослужба.
Во неделата, Неговото Блаженство служеше архиерејска Литургија во храмот на Светото Вознесение во Мексико Сити. Сослужители на митрополитот Тихон му беа:
– Неговото Високопреосвештенство Јаков, митрополит на Мексико и егзарх на Централна Америка и Карипските Острови (Цариградска Патријаршија),
– Неговото Високопреосвештенство митрополитот Игнатиј, архиепископ на Мексико, Венецуела, Централна Америка и Карипските Острови (Антиохиска Патријаршија),
– Архиепископот Алексиј,
– Архиепископот Венијамин,
– Неговото Преосвештенство Исихиј, епископ на Маркијани и викарен епископ на Мексико (Цариградска Патријаршија),
– Протојерејот Алесандро,
– Свештеникот Димитриј Азокар Мартинез, епархиски канцелар,
– како и повеќе свештеници и ѓакони од епархијата и делегациите.
Како што е вообичаено при овие пастирски посети, Неговото Блаженство по Литургијата отслужи Големи Водосвет.
На крајот од богослужбите, Неговото Блаженство му изрази благодарност на архиепископот Алексиј за поканата и за големото дело што го врши епархијата на Мексико, која постојано расте и се развива. Неговото Блаженство исто така упати поздрави до архијереите-сослужители, кои, пак, му се заблагодарија за можноста да присуствуваат на оваа радосна прослава, која сведочи за братската соработка меѓу трите јурисдикции во Мексико.
По завршувањето на литургијата следеше празничен ручек.
Неговото Блаженство се врати во Вашингтон, на 13 јануари 2025 година.





















