Во петок, на 16 јануари 2026 година, Неговото Блаженство митрополитот Вашингтонски г.г Тихон, поглавар на Православната Црква во Америка, на покана на Неговото Високопреосвештенство архиепископот Мексикански г. Алехо, отпатува во Мексико Сити на архипастирска посета на Мексиканската епархија. Со Неговото Блаженство патуваа протојерејот Алесандро Маргеритино, канцелар на Православната Црква во Америка, и протоѓаконот Петар Илчук.
Во сабота, на 17 јануари, Неговото Блаженство замина во Хидалго, каде што се наоѓа Академијата „Свети Василиј“, за учество на 16-тото годишно Епархиско собрание, на кое присуствуваа свештеници и мирјани – претставници од парохиите ширум епархијата. Покрај епархиските и одделенските извештаи, Неговото Блаженство одржа излагање на тема „Литургискиот живот на христијаните“.
Во недела, на Водокрст, Неговото Блаженство началствуваше на архијерејската Божествена Литургија во катедралниот храм „Вознесение Господово“ во Мексико Сити во сослужение со архиепископот Алехо и свештенство од епархијата и од САД.
По Литургијата, Неговото Блаженство началствуваше на Големиот водосвет, при што беа благословени катедралата и верниот народ, а потоа беше направена литија.










