Поглаварот на Украинската Православна Црква има само украинско државјанство – појаснување за медиумите

Претстоителот на Украинската Православна Црква, Неговото Блаженствениот Митрополитот Киевски и на цела Украина г.г. Онуфриј појасни дека поседува само пасош на граѓанин на Украина. Тоа го истакна митрополит Климент, претседател на Синодскиот информативно-просветен оддел на Украинската Православна Црква, во изјава за „Би-Би-Си Украина“.

Во коментарот за „Би-Би-Си Украина“, митрополит Климент зборуваше за информациите поврзани со државјанството на Блаженствениот Митрополит Киевски и на цела Украина, Онуфриј, поглавар на Украинската Православна Црква.

Митрополит Климент нагласи: „Блаженејшиот Митрополит Онуфриј појасни дека има само пасош и државјанство на Украина. Освен украинскиот, нема никакви други пасоши, вклучително и на Руската Федерација. Тој веќе појасни дека никогаш не се обратил до државни органи на други земји за стекнување друго државјанство.“

На прашањето за понатамошните чекори кои ќе бидат преземени, по соопштението од Украинските државни органи за одземање на државјанството на Митрополитот Онуфриј, владиката Климент одговори: „Сите дејствија ќе бидат исклучиво во рамките на украинското законодавство.“

Извор: https://uoc-news.church/2025/07/02/mitropolit-onufrij-maje-lishe-pasport-gromadyanina-ukrajini-rozyasnennya-dlya-zmi/