Поглаварот на Украинската Православна Црква, Неговото Блаженство митрополитот Киевски и на цела Украина Онуфриј, во интервју објавено на 15 мај 2026 година на официјалната интернет страница на Украинската Православна Црква, ја прокоментира смртта на поглаварот на УПЦ-КП (Украинска Православна Црква – Киевска Патријаршија), Филарет (Денисенко).
Запрашан како ја оценува личноста на Филарет во историјата на Црквата, Митрополитот Онуфриј изјави:
„Знам дека за оваа личност некои се молеа во нашата Црква. Се молеа и до последен момент се надеваа на негово покајание. За жал, тоа не се случи. Расколот, предизвикан од поранешниот митрополит Филарет, и понатаму останува крвава рана во црковниот живот на Украина. Но сега, кога Господ го повика во вечноста, го предаваме во рацете на Божјото милосрдие.“
