Погребна служба на блаженоупокоениот игумен на манастирот на свети Теодосиј Велики, архимандритот Јеротеј

На среда, 16/29 јануари 2025 година, беше извршена погребалната служба на блаженоупокоениот игумен на манастирот на свети Теодосиј Велики во Светата Земја, архимандритот Јеротеј, од Ерусалимската Патријашија. 

За погребалната служба во манастирот пристигнаа Патријаршискиот намесник, Високопреосвештениот Митрополит Капитолијадски г. Исихиј, заедно со браќата од Светиот Гроб, и ја извршија во сослужување со Високопреосвештените Архиепископи Герасински г. Теофан и Авилонски г. Доротеј, јеромонасите на Ерусалимската патријаршија, духовникот на манастирот Свети Сава, архимандрит Евдоким, како и свештениците од околните места на Витлеем. На богослужбата молитвено присуствуваа монахињи и монаси кои пристигнаа од Ерусалим, како и многуброен народ од Витлеемското паство. 

Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/leitourgiki-zoi/η-εξοδιοσ-ακολουθια-του-μακαριστου-ηγ/