Полска Црква: Со вера и молитва ќе се надмине искушението во Украина

На 27 октомври 2026 година, во Варшава, под претседателство на Претстоителот на Полската Православна Црква, митрополитот Варшавски и на цела Полска г.г. Сава, се одржа есенското заседание на Светиот архијерејски собор на Полската Црква. На заседанието беа разгледани актуелни прашања од надворешниот и внатрешниот живот на Црквата, за што беше објавено соопштение.

Расколот во Украина

Беше разгледана актуелната тешка состојба во православието во целина, предизвикана од расколот во православието во Украина. Светиот Архијерејски собор повикува на усрдна молитва за единството на Светата Православна црква. „Само длабоката вера и усрдната молитва ќе помогнат да се надмине искушението со кое денес се соочуваме“ – се вели во соопштението на Полската Црква.

Надворешни прашања

На соборот беше разгледана соработката со Цариградската, Бугарската и Грузиската патријаршија и беа примени извештаите на претставниците на Полската Црква од нивните службени посети на Грузија и Литванија.

Исто така беше разгледана екуменската дејност во земјата и во странство.

На средбата е одлучено одбележувањето на Светскиот ден на православната младина да се одржи во Гдањск, од 10 до 14 февруари 2027 година.

Погребение на мртвородени деца

Во врска со интересот на верската заедница во Краков за прашањето на погребувањето на мртвородените деца, Светиот Архијерејски собор едногласно истакна дека во Православната Црква важи постојната практика: мртвородените деца се предаваат на земјата, со читање кратка молитва за нив и молитва за нивните родители, со молба за Божјата милост. Света Литургија не се служи.

Кремирање

Светиот Архијерејски собор истакна дека Полската Православна Црква не дозволува кремирање на телата на починатите.

Извор: https://www.orthodox.pl/komunikat-kancelarii-soboru-biskupow-2/