На 10 март 2026 година во Полскиот главен град Варшава, под претседателство на претстоителот на Полската Православна Црква, Неговото Високопреосвештенство, Блаженејшиот Сава, Митрополит Варшавски и на цела Полска, се одржа пролетната седница на Светиот Собор на Епископите на Полската автокефална Православна Црква. Работата на Соборот се однесуваше на актуелни надворешни и внатрешни прашања од животот на Црквата.
Во официјалното соопштение Соборот се потврдува ставот на Полската Православна Црква кон ПЦУ (Православната Црква на Украина, чија автокефалија доделена од Цариградската Патријаршија не е прифатена од Полската Православна Црква):
„Светиот Собор на Епископите го потврди ставот на Полската автокефална Православна Црква во врска со црковната ситуација што настана како резултат на создавањето на т.н. Православна Црква на Украина (ПЦУ). Светиот Собор смета дека ова прашање треба да се реши на сеправославен собор на помесните Цркви.“
Во врска со останатите надворешни црковни прашања, во соопштението се вели: „Соборoт се запозна со актуелната состојба на Православието во современиот свет во светлина на документите доставени од помесните Цркви: Константинополската, Александриската, Романската, Грчката, Украинската и Литванската“ и: „Соборoт се запозна и со извештаите од теолошката конференција меѓу Православието и јудаизмот, како и од конференцијата одржана во Тирана на 24 јануари 2025 година“.
Извор: https://www.orthodox.pl/komunikat-kancelarii-soboru-biskupow/
