Полската Православна Црква финансиски го поддржа здружението на лица што страдаат од епилепсија

На 25 март 2025 година, претседателот на Главниот управен одбор на Полското здружение на лица што страдаат од епилепсија, Тадеуш Заборски, му испрати благодарница на Неговото Блаженство Митрополитот Сава Варшавски, за поддршката на активностите на здружението. Подолу ја пренесуваме содржината на благодарницата: 

„Во име на заедницата на лица со епилепсија, како и во мое лично име, сакаме да ја изразиме нашата благодарност за донацијата – прилогот за нашата активност од јавен интерес. 

Прилозите собрани од собори, парохии и православни манастири оваа година целосно се наменети за набавка на специјализирана медицинска опрема за јавните здравствени установи, како што се компјутерски EEG-апарати, видеометрија и сл., како и за директна помош на најсиромашните пациенти и нивните семејства преку социјална рехабилитација, интеграција, материјална поддршка, итна финансиска помош за набавка на лекови, облека, храна, огрев итн., низ целата земја. 

Особено ја цениме моралната и финансиската поддршка што ни ја дава Православната црква во Полска. Искрено благодариме за довербата во нашата национална организација од јавен интерес, која работи исклучиво врз основа на донации и прилози од правни и физички лица за поддршка на 400.000 лица со епилепсија во Полска. Не добиваме поддршка од јавната администрација – ниту од владата, ниту од локалните самоуправи. 

По повод претстојниот празник на Православната Пасха, на Вашето Блаженство и на православната заедница Ви упатуваме желби за Божја милост од Воскреснатиот Спасител.“

Извор: https://www.orthodox.pl/podziekowania-stowarzyszenia-chorych-na-padaczke/