На 27 октомври 2025 година, под претседателство на Неговото Блаженство Митрополитот Варшавски и на цела Полска г.г. Сава, се одржа есенското заседание на Светиот архијерејски синод на Полската Православна Црква. Работата на Светиот Синод се однесуваше на актуелните внатрешни и надворешни прашања од животот на Црквата.
Прва точка на заседанието, според соопштението од Канцеларијата на Светиот Синод на Полската Црква, беше актуелната состојба со Православието во светот. Како што се истакнува во соопштението: „Беше потврден досегашниот став на Полската автокефална Православна Црква во однос на поделбите; Светиот Архијерејски Синод изјави дека, за да се отстранат поделбите, треба да се свика Сеправославен Собор на епископите од целото Православие“.
Потсетуваме дека Вселенските собори историски биле свикувани на ист начин, со учество на сите епископи на Православната Црква. Великиот собир во Крит во 2016 година отстапи од оваа пракса со назначувањето на претставници и делегации од секоја помесна Православна Црква. Повикот на Полската Црква означува враќање кон древната пракса на Соборите, со тоа што повикот се однесува на сите епископи, а не на делегации на Цркви.
