Канцеларијата на Митрополитот Варшавски ја пренесува благодарноста на Неговото Високопреосвештенство Сава, Митрополит Варшавски и на цела Полска, до парохиите, индивидуалните и институционалните донатори и сите верници на Полската православна Црква за помошта што ја пружија на настраданите од поплавите во југозападниот дел на Полска.
На 3 октомври 2024 година, од собраните средства беа донирани 100.000 полски злоти за обновата на болницата во Ниса.
Преостанатите донации кои ќе пристигнат, ќе бидат постапно користени за задоволување на потребите на настраданите од поплавите.
„Се заблагодаруваме за сите донации. Бог да ве благослови!“ – стои во соопштението од Канцеларија на Митрополитот Варшавски и на цела Полска.
Извор: https://www.orthodox.pl/komunikat-kancelarii-metropolity-58/