Верниците на Руската православна црква на Филипините придонесоа да се вратат сиромашните деца на училиште, се вели во соопштението на прес-службата на епархијата. Добротворен настан се одржа во парохијата „Света Ана“, во Малибатуан, Котабато. Во сабота, на 15 јуни, тука беше отслужена Божествена Литургија, по што о. Мојсеј Кахилиг и неговите помошници им поделија училишен прибор и други едукативни материјали на учениците.
Во недела, на 16 јуни, во парохијата „Св. Архангел Михаил“, во Махонгок, исто така беше отслужена Божествена Литургија од о. Мојсеи Кахилиг, заедно со ѓаконите Антони Аранко и Рафаел Фрагилио. По богослужбата, свештените лица од епархијата ја продолжија својата добротворна мисија со делење канцелариски комплети на децата кои се подготвуваат за новата учебна година.
Филипинско-виетнамската епархија веќе неколку години организира добротворни иницијативи за собирање и дистрибуција на училишен прибор. Епархијата активно ги поддржува локалните семејства и организациите на заедницата за да на децата им се обезбеди добро образование и перспектива во иднина.
Извор: https://gorthodox.com/en/news-item/prihody-filippinskoj-eparhii-pomogli-nuzhdayushimsya-shkolnikam