Патријархот Порфириј, информиран за поплавите во Херцеговина за време на неговата канонска посета во Канада, издал налог Верското добротворно старателство во Белград да испрати еднократна помош од 100.000 евра преку Захумско-херцеговската епархија – соопштува информативната служба на Српската православна црква.
Помошта ќе им биде поделена на најпогодените семејства, без оглед на нивната вера или националност. Патријархот Порфириј Му се моли на Спасителот Исус Христос за сите настрадани, Господ да им даде утеха на нивните семејства и да ги запре поплавите, за да престане страдањето и уништувањето на имотот стекнуван со генерации. Патријархот апелира до сите народи на Балканот, а особено во Република Српска и Босна и Херцеговина, во овие тешки времиња да покажат меѓусебна солидарност, затоа што сите сме потребни едни на другите – се вели во известувањето.
Извор: https://spc.rs/patrijarh-porfirije-pomoc-postradalim-u-poplavama-u-hercegovini/