Помошникот државен секретар на САД во посета на Цариградската патријаршија

Во седиштето на Цариградската патријаршија, во Фанар, на 13 мај 2026 година, престојуваше помошникот државен секретар на Соединети Американски Држави Рајли Барнс, надлежен за демократија, човекови права и труд, кој беше пречекан со особени почести – известува интернет страницата на Цариградската Патријаршија.

Барнс, кого го придружуваа соработници од неговиот кабинет, како и заменик-генералниот конзул на САД во Истанбул, Мајкл Кидвел, беше примен од Цариградскиот патријарх Вартоломеј, при што имаа можност во пријателска атмосфера да разговараат за прашања поврзани со животот и мисијата на Патријаршијата, како во нејзиното седиште така и во светот, за грчката заедница во Истанбул и за православните верници во Турција.

Особено беше истакната дејноста и долгогодишниот придонес кон американското општество на Грчката Архиепископија на Америка и нејзиното паство – се нагласува во извештајот.

На средбата, од страна на Патријаршијата, присуствуваа и Митрополитот Халкидонски Емануил, како и шефот на патријаршиската канцеларија, архимандрит Аетиј.

По средбата со Патријархот, Барнс, заедно со својата придружба, го посети патријаршискиот храм, каде што архимандритот Јаков го запозна со неговата историја, како и со светите мошти што се чуваат во него.

Извор: https://ec-patr.org/14/05/17/40/episkepsi-toy-voithoy-ypoyrgoy-exoteri/