На 29 август 2024 година, претставникот на Неговата Светост Патријархот Цариградски г.г. Вартоломеј, Неговото Високопреосвештенство г. Јов, Митрополитот Писидиски, беше во посета на Полска, при што оствари братска посета на Неговото Блаженство Митрополитот на Варшава и на цела Полска г.г. Сава. За време на средбата, архијереите ја разгледаа актуелната ситуација на христијанството во светот и разменија мислења за проблемите со кои современо се соочува Православната црква.
Извор: https://www.orthodox.pl/wizyta-metropolity-hioba-w-polsce/