Претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, митрополитот Волоколамски Антониј, од 25 до 30 март 2026 година оствари повеќедневна работна посета на Индија, каде што учествуваше на значајни црковни настани и одржа повеќе средби со претставници на древните источни цркви. Посетата се реализира по благослов на Рускиот Патријарх Кирил и по покана на поглаварот на Маланкарска Црква, Католикосот Василиј Мар Тома Матеј III.
Централен настан на посетата беше присуството на митрополитот Антониј како почесен гостин на свечениот чин на осветување на светото Миро во Котајам, кој, според древната традиција на оваа црква, се извршува само еднаш во 7 години. Присутни беа архијереи на Маланкaрската Црква и претставници на други древни источни цркви. По завршувањето на чинот на осветувањето свое обраќање имаше митрополитот Антониј, кој ја истакна долгогодишната духовна врска меѓу Руската Православна Црква и Маланкарската Црква, која датира од 1970-тите години, кога идниот католикос се образувал во Ленинградските духовни школи.
Во рамките на посетата, митрополитот Антониј оствари средба и со поглаварот на Маланкaрската Црква, при што беа разменети поздрави и нагласена важноста на меѓусебната соработка. Тој се сретна и со повеќе архијереи на оваа црква, како и со претставникот на Етиопската Црква, архиепископот Абуна Мелхиседек, со кого разговараше за развојот на односите меѓу двете цркви.
Маланкaрската Црква потекнува, чиј полн назив е: „Маланкарска Сиријска Православна Црква“ е една од источните дохалкидонски цркви. Според преданието, Црквата во Индија ја основал светиот апостол Тома, а именувањето е според местото Маланкиара кадешто првпат апостолот Тома стапнал на Индиско тло.






