Потпишан Патријаршискиот указ за прибројувањето кон светиите на преп. Амфилохиј Патмоски

Во атмосфера на духовна радост, во седиштето на Цариградската Патријаршија, на Фанар, на 27 јуни 2026 година беше потпишан Патријаршискиот указ, т.е. сингилиј, на уметнички изработен пергамент во кожен повез за прибројувањето кон светиите на преподобниот Амфилохиј (Макрис) Патмоски.

Овој документ за неговото прибројување кон светиите беше потпишан од Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, во присуство на игуманијата на манастирот „Благовештение на Возљубената Мајка“ – „Свети Амфилохиј“, монахињата Христонимфи.

Да потсетиме дека Светиот синод на Цариградската Патријаршија на својата седница на 29 август 2018 година, донесе одлука за официјално прибројување кон светиите на старецот Амфилохиј Макрис.

Неодамнешното потпишување и издавање на Патријаршискиот сигилиј претставува завршен и свечен чин со кој оваа историска одлука за Православната Црква е конечно потврдена и запечатена.

Извор: https://www.romfea.gr/oikoumeniko-patriarxeio/77350-ypegrafi-to-patriarxiko-sigillio-agiokatatakseos-tou-osiou-amfiloxiou-tou-en-patmo