Потписот на Цариградскиот Патријарх отстранет од заедничкото комунике од конференцијата во Швајцарија

Турција побара и успеа да добие отстранување на потписот на Цариградскиот патријарх Вартоломеј од заедничката декларација на Конференцијата за Украина што се одржа пред неколку дена во Швајцарија, пренесува грчкиот портал ProNews.

„Ова е значаен удар за политичката автономија на Вселенската патријаршија која САД не можеа да ја заштитат од турското самоволие, и покрај тоа што Вселенската патријаршија му пружи вредни услуги на Вашингтон како противтежа на Московската патријаршија“ – истакнува порталот.

Патријархот Вартоломеј учествуваше на Конференцијата за Украина, која се одржа од 15 до 16 јуни во одморалиштето Бургеншток, Швајцарија, за што веќе известивме.

Патријаршијата соопшти дека го поддржува заедничкото коминике усвоено по конференциите и се наоѓа на листата на потписници на документот.

На тоа реагираше Турција, бидејќи не го признава екуменскиот статус на Патријаршијата, за што исто така известивме. Во Турција, Вартоломеј се нарекува поглавар на грчката православна заедница во регионот Фанар, и на Патријаршијата ѝ е забрането да учествува во политички активности.

Листата на потписници е соодветно ажурирана на официјалниот сајт на Конференцијата

Извор: https://www.pronews.gr/amyna-asfaleia/diethnis-asfaleia/i-tourkia-apaitise-kai-petyxe-na-afairethei-i-ypografi-tou-oikoumenikou-patriarxi-vartholomaio-apo-tin-koini-diakiryksi-tis-synodou-gia-tin-oukrania/