Фотографии: vinnitsa.info
На 18 јуни 2024 година, апелациониот суд во Виница (Украина) му ја потврди 5-годишната затворска казна на Тулчанскиот митрополит Јонатан. Според пресудата, определена му е и конфискација на имотот. Митрополитот е осуден „поради оправдување, признавање за легитимна и негирање на оружената агресија на Руската Федерација врз Украина“ – известува порталот Винитсиа.инфо.
Одлуката стапува на сила од моментот на нејзиното објавување, а жалба до Касациониот кривичен суд на Украина може да се поднесе во рок од 3 месеци од објавувањето. Комплетниот текст на пресудата ќе биде објавен на 21 јуни годинава.
Митрополитот Јонатан е еден од постарите архијереи на Украинската православна црква, и е познат црковен поет и композитор на богослужбени песни. Повод за неговото обвинение беше еден негов богословски и историски текст, во кој ги осудува постапките на Цариградската патријаршија во Украина и признавањето на украинскиот раскол. Исто така, нему му биле пронајдени „провокативни“ политички списи, кои ги делел по луѓе, како што наведуваат обвинителите.
Митрополитот Јонатан категорично ги отфрли обвиненијата и изјави дека елементите, употребени во неговиот случај, се лажни. За време на истрагата, тој доживеа два мозочни удари, а му беше извршена и операција на срце.
Извор: https://vinnitsa.info/article/vinnytskyy-apelyatsiynyy-sud-zalyshyv-u-syli-vyrok-mytropolytu-ionafanu-upts-mp-5-rokiv-z-konfiskatsiyeyu, https://www.romfea.gr/ekklisies-ts/ekklisia-tis-oukranias/63917-pente-xronia-fylakisi-kai-dimefsi-periousias-ston-mitropoliti-toyltsin-ionathan