Повеќе од 20 лица се крстија во православна црква во Мисисипи

Православната црква „Свети Павле“ при Антиохиската Патријаршија, во градот Тупело, сојузна држава Мисисипи, САД, на 11 јули, прослави радосен настан, кога повеќе од дваесет луѓе се соединија со Христа преку Светата Тајна Крштение.

„Благословени сме што денес крстивме 22 лица!“, напиша на социјалните мрежи настојателот на храмот, отец Давид Бибо.

Црквата „Свети Павле“ е една од многуте православни парохии во САД кои бележат брз раст. Само од Пасха досега, во парохијата се пријавени 15 нови огласени (катихумени), а 24 лица биле примени во Православната Црква, вклучувајќи ги и оние што беа крстени во саботата.

Парохијата се пресели во нов храм во пролетта 2025 година.

Извор: https://www.facebook.com/orthodoxtupelo