Повеќе од 200.000 луѓе се поклонија на моштите на св. Спиридон во Казахстан

На 9 октомври 2026 година, кивотот со десната рака на свети Спиридон Тримитунтски беше донесен во Чимкентската епархија на Руската Православна Црква. Главниот град на Јужен Казахстан беше последната станица од пренесувањето на моштите на светителот во Република Казахстан. До вечерта на 10 октомври, светињата се наоѓаше во соборниот храм „Св. Никола“ во градот Шимкент.

Големата светиња на Православието, со благослов на Неговата Светост, Московскиот и на цела Русија патријарх Кирил, и со согласност на митрополитот на Крф, Паксос и Диапонтиските Острови Нектариј, престојуваше во епархиите на Митрополискиот округ во Република Казахстан од 21 септември до 10 октомври.

За време на престојот во Казахстан, светите мошти беа донесени во Караганда, Уралск, Уст-Каменогорск, Астана, Петропавловск, Костанај, Алмати, Бајконур, Павлодар и Шимкент. Секојдневно, од раните утрински часови до доцна навечер, поклониците непрекинато доаѓаа со молитви упатени кон светителот, барајќи духовна утеха и укрепување. На моштите на Христовиот светител им се поклонија повеќе од 200.000 луѓе.

Пренесувањето на моштите на свети Спиридон беше проследено од локалните и републичките медиуми. Информативна поддршка даде новинската агенција „Интерфакс-Казахстан“.

На 10 октомври, по завршувањето на прошталниот молебен во соборниот храм „Св. Никола“, кивотот со светите мошти беше однесен на аеродромот во Шимкент, од каде што со специјален лет беше вратен на местото на нејзиното постојано престојување, на островот Крф, во Грција.

Извор: https://mitropolia.kz/news/video/15090-prinesenie-moshchej-svyatitelya-spiridona-trimifuntskogo-v-chimkentskuyu-eparkhiyu-video.html