Повеќе од 30 новокрстени православни христијани на Педесетница во Танзанија

Повеќе од триесет души се крстија во Христа и го добија печатот на дарот на Светиот Дух на празникот Педесетница оваа година, во Танзанија.

Во Синјанга 12 лица беа крстени во хотелски базен во неможност да бидат крстени во црква. Според интернет страницата „Пријатели на епархијата Букоба и Западна Танзанија“, на Александриската патријаршија, новопросветлените се првите православни христијани во град со милион жители.

„Овие настани се причина за голема радост и возбуда на верните членови на нашата Црква, кои го гледаат нејзиниот раст и стекнувањето нови деца. Во мисионерските епархии чести се прославите на Небото и земјата, бидејќи често се вршат крштевки“.

Други дваесет и двајца беа крстени од Митрополитот Хризостом на Букоба и Магу, каде што беше обновена една стара мисионерска парохија.

Во април во Танзанија се крстија повеќе од сто луѓе.

Извор: https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02NR6ih3cBdz7Fu3WyiHtfEASQLUT8pURpbBhxtHcPiUw6G5QxkubG7DMrntc5EYqwl&id=100093683589261 преку https://orthochristian.com/160918.html