Повик од Светиот архијерејски синод на Бугарската православна црква за молитвена поткрепа за пожарникарите и настраданите од пожарот во земјата

Светиот архијерејски синод на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија, следејќи ја со загриженост пожарната катастрофа што зафати делови од државата, упати повик за молитва и поткрепа за пожарникарите, вработените во МВР, доброволците и за сите кои помагаат во борбата против пожарот, како и за поддршка на сите жртви, кои го загубија својот дом, на кои им е потребна посебна помош и заштита.

„Нека, во овие тешки денови, кога илјадници декари бугарска земја се зафатени од оваа катастрофа, упатиме молитвен повик кон Мајката Божја – Пресвета Богородица, кон светата великомаченичка Марина и кон светиот пророк Илија, покровителот на пожарникарите, тие молитвено да се застапат за нас, та Бог да го заштити нашиот народ од неволјата, и преку нивните молитви да нè запази неповредени“ – се вели во повикот на Бугарската црква.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/priziv-na-sv-sinod-na-bpts-za-molitvena-podkrepa-za-ognebort