Поворка за воведување на верска настава во Бугарските училишта

Интернет страницата на Бугарската православна црква го објави соопштението од Светиот архијерејски синод, во врска со иницијативата за воведување на предмет „Доблест и религија“ во наставната програма на училиштата. Соопштението го пренесуваме во целост.

Светиот Синод на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија ја изразува својата поддршка за воведување на предмет со работно име „Доблести и религија“ во редовната наставна програма на училиштата во Република Бугарија. Ја изразуваме нашата поддршка за поворката „Доблести и религија во училиштето“, организирана од граѓански здруженија, која ќе започне на 17 мај 2025 година во 12:00 часот пред Патријаршиската катедрала „Св. Александар Невски“.

Ги повикуваме сите православни христијани и сите луѓе кои сакаат да земат учество во поворката, за заеднички да ја искажеме нашата убедена граѓанска позиција за потребата децата на Бугарија да се запознаат со непроменливите православни христијански вредности и морални доблести, како и со нашата вековна православна култура и историја, изградени врз темелите на тие вредности.

Поворката ќе започне со кратка програма на плоштадот пред катедралниот храм, ќе продолжи по улиците „Г. С. Раковски“, булевар „Цар Oслободител“, ќе мине покрај Министерството за образование и наука, по улицата „Соборна“ и ќе заврши на плоштадот „Св. Недела“.

Го повикуваме Божјиот благослов врз организаторите и учесниците во поворката.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/izyavlenie-ot-kantselariata-na-sv-sinod