Пожар во Патра, Грција, манастирот „Свети Никола“ евакуиран

Пламените на пожарот околу градот Патра во Грција, стигнаа до манастирот „Свети Никола“ во областа Бала. Историскиот манастир, познат како „Стар манастир“, се најде лице в лице со пожарот, кој целосно го опкружи.

Како што се гледа од снимката, разорниот пожар ја зафати покривната конструкција на женскиот манастир, додека пожарникарите, монахињите и доброволците водеа борба за да ги спасат конаците.

Монахињите од манастирот веднаш се мобилизираа, обидувајќи се, во соработка со пожарникарите и доброволците кои пристигнаа на местото, да го ограничат пожарот и да заштитат сè што е вредно.

Сепак, властите извршија превентивна евакуација на манастирот, а подоцна следеше акција за спасување на жителите и домашните животни од областа.

Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/ieres-mones/fotia-stin-patra-stis-floges-i-iera-moni-agiou-nikolaou-mpala-apomakrynthikan-oi-monaxes/