Православен свештеник од Антиохиската Патријаршија е ранет во копнената офанзива на Израел во јужен Либан во текот на оваа недела.
Во понеделникот, беше известено дека отец Григориј Шалум од црквата Свети Георгиј во селото Ибл ал-Саќи во јужен Либан е тешко ранет и пренесен во државната болница во Марјејун.
Вчера, неколку медиуми известија дека отец Григириј загинал во нападот, меѓутоа, Епархијата на Тир и Сидон на Антиохиската Патријаршија ги негираше тие известувања, изјавувајќи дека иако отец Григориј е повреден, тој е сè уште жив:
„Епархијата на Тир, Сидон од Православната црква ги негира извештаите кои кружат на социјалните мрежи за маченичката смрт на отец Грегориј Шалум, свештеникот од Ибл ал-Саќи, по нападот на градот вчера.
Епархијата потврдува дека отец Шалум е добро и ги проси молитвите од верниците за негово брзо закрепнување.“
Нека Господ му даде на отец Григориј скоро и целосно закрепнување!