Православен свештеник во Централноафриканската Република доби највисоко државно признание за социјална работа

Православен свештеник од Централноафриканската Република беше награден со највисокото државно признание за неговата социјална работа. 

На 30 ноември, отец Сергеј Војемава од Црквата „Свети Андреј“ во главниот град Банги и архијерејски намесник за Централноафриканската Република при Северноафриканската епархија на Африканскиот Егзархат на Московската Патријаршија, беше одликуван со титулата „Командант на редот за заслуги“, јавува Егзархатот. 

Признанието, кое се доделува за посебни заслуги во хуманитарната, економската и социјалната сфера, му беше врачено како дел од прославите на Националниот ден, на кој се одбележува прогласувањето на автономијата на републиката во рамките на Француската заедница во 1958 година. 

Особено, отец Сергеј беше награден за неговата работа со Православното општообразовно училиште „Свети Сергиј Радонешки“ и духовната грижа за децата без родители. 

На 18 декември 2022 година беа извршени првите ракополагања за Африканскиот Егзархат и отец Сергеј тогаш беше ракоположен во ѓаконски чин.

Извор: https://exarchate-africa.ru/novosti/blagochinnyj-severo-afrikanskoj-eparhii-v-czar-nagrazhden-stepenyu-komandora-vysshego-ordena-strany/ преку: https://orthochristian.com/165234.html